речник контакт

Ќе има ли каде летово велешани да се освежуваат?

Пропадна лицитацијата со кој велешкиот пливачки базен се нудеше да добие нов корисник откако претходниот не ги исполнувал условите од договорот па локалната власт го раскина.

Петар Печков

Пропадна лицитацијата со кој велешкиот пливачки базен се нудеше да добие нов корисник откако претходниот не ги исполнувал условите од договорот па локалната власт го раскина.

Поради високата цена од 300 илјади денари за една година, на јавната лицитација не се јави ниту еден заинтересиран, но локалната власт вели дека сепак базенот ова лето ќе работи.


Тие планираат да со него да управува ЈП „Парк-спорт“ а општината со средства од Буџетот да интервенира околу санација на Градскиот базен.

Поради непочитување на роковите за уплата на средствата од досегашниот корисник, тој не ја платил ланската годишна такса од 150 илјади денари ниту пак потрошената електрична енергија од 180 илјади денари, општина Велес започна судски процес за наплата на долгот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »